1. 10. MTС Дворана
Еден од најголемите стендап-комичари, во Белград
преземено од Вајб магазин
Еден од најголемите светски стендап-комичари на денешницата, Jim Jefferies, за првпат доаѓа во Белград со своето ново светско шоу „Son of a Carpenter!“
Jim Jefferies веќе со години важи за еден од најпознатите и најценетите стендап-комичари во светот. Зад себе има распродадени светски турнеи, бројни успешни Netflix специјали, како и хит-шоуата „The Jim Jefferies Show“ и „Legit“.
Неговите стендап настапи бележат милиони прегледи, а публиката ширум светот го препознава по неговиот директен, интелигентен и целосно нецензуриран хумор.