Амос Гил

Амос Гил приреди стендап без цензура

преземено од Охрид њуз

Осмото издание на интернационалниот фестивал на комедијата “Summer Comedy Marathon” започна вчеравечер со настап на еден од најбараните светски стенд-ап комичари – австралиецот Amos Gill, кој пред охридската публика го изведе своето наградувано шоу „The Pale, Stale, Straight White Male“.

Публиката погледна бескомпромисно, интелигентно и исклучително духовито шоу со неговиот препознатлив стил од остар сарказам, брзи досетки и хумор без цензура, со кој ги преиспитува општествените стереотипи и секојдневните апсурди.

Секогаш урнебесен, повеќекратно наградуваниот Амос Гил никогаш не отстапува кога треба остро да ги „боцне“ нелогичните размислувања и интелектуалната апатија која го бојадисува светот околу нас.

Еден од најострите, најбрзите и најпровокативни гласови на современата стенд-ап комедија, австралискиот комичар Амос Гил…