21:00

ОПСТАНОК – НИКОЛА ТОДОРОСКИ

Во природата преживуваат најсилните. Во градот – најснаодливите. А во Македонија, преживуваат тие што тераат на смеење.
По 15 години истражување на човечката природа, секојдневните апсурди и балканските услови за преживување, Никола Тодороски со нова, јубилејна стендап експедиција – ОПСТАНОК!
Кога животот те удира, грабаш микрофон и тераш така петнаесет години. А за тоа време, развиваш и неверојатна способност да преживееш ситуации во кои нормален човек одамна би побарал евакуација.
Од секојдневните катастрофи до семејните екосистеми, од љубовните преживувања до општествените предатори – ова е приказна за еден вид кој одбива да исчезне. 
15 години на сцена, сè уште жив, сè уште недозборен. И сè уште не му е јасно како.
ОПСТАНОК – затоа што преживувањето е инстинкт, а смеењето е единствената одбрана!