6/6/2026 Македонска филхармонија, Скопје
Автралиското комично трио, „Суши Манго“ имаше прв настап во Скопје, во склоп на светската турнеја.
преземено од СДК (Инстаграм)
Непосредни и препознатливи во хуморот, со исмевање на медитеранскиот менталитет, ја освоија скопската публика. Триото стана особено популарно на Инстаграм, со имитација на италијански и грчки стереотипни ситуации, суеверија и начин на живот. Ветија дека ќе ја повторат средбата со македонските фанови.
Австралискиот комедиски феномен Суши Манго (Sooshi Mango) ќе ја освои македонската публика со своето наградувано, спектакуларно шоу кое веќе ги распродаде најголемите европски сцени.
По преполните сали низ Лондон, Манчестер, Даблин, Амстердам, Берлин, Виена, Цирих, Париз и десетици други европски градови, триото кое брои милиони следбеници на социјалните мрежи конечно доаѓа и пред скопската публика.
Sooshi Mango се познати по нивниот уникатен хумор инспириран од балканските и медитеранските семејства, генерациските разлики, родителите, тетките, чичковците и сите оние ликови кои секој од нас ги препознава во сопственото семејство. Токму затоа нивниот хумор е толку близок и разбирлив за публиката од овие простори.
– Иако шоуто е на англиски јазик, неговата универзална комедија, гестикулации, карактери и теми го прават лесно разбирливо и за оние кои не го користат англискиот секојдневно. Публиката низ целиот Балкан веќе со години ги следи нивните видеа и скечеви, а сега конечно ќе има можност да ги види во живо.