The Belly of the Beast Tour

Светската сензација на политичката сатира, Bassem Youssef – човекот кого светот го нарече „египетскиот Jon Stewart“ – доаѓа со спектакуларниот и провокативен настап “The Belly of the Beast” во рамки на турнејата 2026! По глобалниот успех и над 100.000 продадени билети, Youssef се враќа со уште поостар и похрабар материјал – шоу што ги поместува границите преку брилијантен хумор, политичка сатира и лични приказни што оставаат силен впечаток.
Басим Јусеф не е само комичар – тој е феномен. Египетско-американски сатиричар и поранешен кардиохирург, кој од медицината премина на сцена за време на Египетската револуција во 2011 година, редефинирајќи ја улогата на хуморот во современото општество.
Од операциона сала во Каиро до светските сцени, прво поличтико-сатирично онлајн шоу на Блискиот исток со над 40 милиони гледачи неделно, вбројување во TIME100 највлијателни луѓе, домаќин на наградите ЕМИ во 2015 и документарен филм за моќта на неговиот сатиричен глас во општество на криза – патувањето на Басим е симбол на храброст и слобода на изразување.
Ова не е само стенд-ап шоу – ова е настан. ОВА Е БУДЕЊЕ. Момент кој не се пропушта. Со својот препознатлив, темен и брутално остар хумор, Јусеф не само што забавува – тој ја тресе сцената, ја разжештува публиката и ве вовлекува во искуство кое се памети.